Афоризми: Ленче Стоименова – Б02

Не може високи функционери да паднат од власта. Сите се недозреани.

 

Ми треба помош од јасновидец: Ја гледам матно својата иднина.

 

Откако разбра дека е добро за здравјето да внесува растителни влакна, стана зависник од коноп.

 

Не е интересно да броиме овци пред спиење, сите се црни.

 

Во демократските поплави празноглавите испливаа – први.

 

Оглас: Барам мајстор кој може да поправи Гласачка машина.

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.