Афоризми: Градимир Здравковиќ – Б02

За јазикот ќе се бориме до последен. Последниот со кого ли ќе зборува?!

 

Беше голем бизнисмен. Не седеше со скрстени раце… освен кога го носеа во Идризово.

 

Животна цел на малиот прст е, еден ден да стане среден…

 

Се шина од седење. Но, медицината напредува! Ене го, лежи…

 

Тие што не успеале да го остварат Американскиот сон, нека се обидат со апчиња!

AdBlocker Message

Our website is made possible by displaying online advertisements to our visitors. Please consider supporting us by disabling your ad blocker.