Се радувам на зголемените цени. Скенирам повисоки, фискални сметки.
Тештата? Брачно советувалиште на терен.
Жена ми живее во минатото. Затоа сè уште ме сака.
Ми дадоа збор. Салата брзо се испразни.
Кој не ме сака, не знае што сака!
Ми подарија паричник. Фрлени пари!
Бистар ум, а мати вода!
Чекав сукано, а добив сукало!
На моите афоризми сите се смеат. Дури и тие што ги разбираат.