Како плод на многу евнуси во политиката, имаме јалова држава.
Во животот следете го срцето, зошто мозокот знае и да скршне.
Тие што не знаеја уста да отворат, сега покажуваат заби.
Политичар, како тоа инспиративно звучи! – рече Достоевски и го напиша Идиот.
Прости ми оче, не грешев на време.
Не играјте со народот „Весела математика”, ќе ве помножи со нула!
Големите сомови не дишат на шкрги.
На обезглавените бадијала им кроите капа.
Облечената сатира, најдобро ја открива голата вистина.
Си ги почитуваме корените. Пак сме голи и боси.
Не нѝ мачкајте очи, одамна ве видовме.