Единствената диета која безусловно гарантира слабеење е пензијата.
Шифра за отварање на сите врати: „Наш човек“.
Добриот пријател е вистинско богатство. Особено ако е богат.
Цел живот го викавме „Глупавиот“. А почина од мозочен удар!
Злосторство е кога нема соодветна казна.
Кога избирам јас, секое зло е поголемото.
Излезот од нашава ситуација ќе дојде со фолклорот. Кога ќе заигра стапот.
Има проблеми со меморијата. Не може да се сети каде ја остави ракијата.
Љубовта е неповторливо чуство, кое би сакале често да нѝ се повторува.
Никој што е на државни јасли, не работи како коњ.