ВРЕСОК
На Македонецот кој што цела година молчи
како устата да му е полна со песок,
за маскенбалот највеќе му одговара
маската „Вресок“.
ТИЛОТ
Епиграм во на Рацин стилот:
Македонецот ќе си ја најде главата
кога политичаротнќе си го види тилот.
ПУШЕЊЕ
Целиот свет на Македонецот
како одеднаш да му се сруши,
кога се освести дека устата
му служи само за да пуши, да пуши…
СРЕЌНА ОКОЛНОСТ
Од сé не ни е дојдено преку глава
и не сме удрени од „славата“,
поради една среќна околност
– не знаеме каде ни е главата.
ПАЛМИТЕ
Сите спијат и нема ништо ново
во на Македонија паланките,
додека палмите
ги нишаат гранките.
СКАРАЏИИ
Некои луѓе се полни
со љубов кон животните
сé додека да се загреат плотните.